Италијанците ги преплавија улиците и плоштадите во неделата вечерта откако ја освоија европската титула во финалето на Европското првенство на Вембли против англиската фудбалска репрезентација.



Огномет и музика одекнуваа низ целата земја откако Италија ја победи Англија со подобро изведување на пенали (3-2).

Еуфоријата се чувствуваше насекаде, пренесува Хина. Италијанците го пофалија селекторот на националниот тим, Роберт Манчини, затоа што тој го водеше до првата европска титула од 1968 година.

„Голема благодарност до Роберт Манчини и нашите играчи кои добро ја претставуваа Италија“, рече италијанскиот претседател Серџио Матарела.