Часовникот отчукува, течат роковите за формирање нов состав на владата, а партијата на власт што ја предводи потенцијалниот мандатар, Димитар Ковачевски, по сè изгледа се соочува со силни главоболки во моментите кога треба да донесе одлука за тоа кои луѓе треба да седнат на министерските фотелји, а притоа да се испочитува родовата рамноправност во политиката – анализира Плусинфо.
По заминувањето на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и на министерката за образование Мила Царовска, партиски извори брифираат дека од учество во новата влада најверојатно ќе се откажат и министерката за култура Ирена Стефоска и министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска, па лесно може да се случи раководството на СДСМ да го предложи „најмашкиот“ министерски состав во историјата на државата.
Според сознанијата на Плусинфо, актуелната пратеничка на СДСМ, Славјанка Петровска, најверојатно ќе биде единствената жена-министерка која треба да го „обели“ образот на поранешниот партиски лидер Зоран Заев, кој пред само три месеци (14.09.2021 година) велеше: „Застапувам ефикасно применување на националните стратегии за еднакво и рамноправно учество на жените во политиката“.
Неофицијално, како што брифираат нивните соговорници, Петровска ќе биде назначена за наследник на министерот Бојан Маричиќ во Министерството за правда, додека, пак, нејзиното пратеничко место наводно ќе ѝ припадне на поранешната замник-министерка за труд и социјала, Санела Шкријељ.
Целиот текст на следниот линк:





