Слави Трифонов не сака да биде пратеник, туку…

Нема да се кандидирам за следниот парламент, соопшти лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ која беше второпласирана на претходните парламентарни избори, пренесува БГНЕС.



Слави Трифонов на Фејсбук пишува дека тој и неговите сопартијци создадле, како што вели, „ платформа на која сакаме да добиеме професионалци, одговорни луѓе кои имаат желба и храброст да го сторат тоа што треба да се направи.

Јас нема да се кандидирам за следниот парламент, бидејќи моето место не е таму, туку да бидам одговорен за луѓето што се таму и што прават.

Секако, можам да ја сносам оваа одговорност од друга институција, но за тоа – кога ќе дојде време “, вели Трифонов.

За Трифонов се шпекулираше дека тој сигурно ќе биде премиер на Бугарија откако партијата на досегашниот Бојко Борисов, не успеа да состав влада.

Но мандатот за состав на влада го врати и партијата на Трифонов, а во земјата се закажани вонреднипарламентарни избори.