Слави Трифонов има коронавирус

Лидерот партијата „Има таков народ“ Слави Трифунов кого многумина го гледаат како иден премиер на Бугарија – има коронавирус .



Ова го објави заменик-претседателот на „Има таков народ“ Тошко Јорданов.

Денес тестот на шоуменот бил позитивен, откако пред неколку дена стана јасно дека тој има симптоми на КОВИД-19 и е изолиран во неговиот дом.

Трифонов е добро, под карантин и ги почитува сите барања и правила на Националниот оперативен штаб, информираше Јорданов.