„Ако здравиот разум не се врати и тие („Демократска Бугарија“) не се сетат кој е главниот непријател, ќе одиме на предвремени избори и тоа ќе биде нивна вина“, предупредил на Фејсбук лидерот на победничката „Има таков народ“ Слави Трифонов.
Неговата објава е одговор на копретседавачот на „Демократска Бугарија“ (со која ИТН води интензивни преговори за состав на влада), Христо Иванов, кој рече дека не поддржува „мачка во вреќа“ барајќи во преговорите за влада да се зборува и за конкретни имиња, пренесува Нуз.бг.
„Христо Иванов одлучува да ја разнебити ситуацијата и да го доведе во прашање она што е постигнато досега и да ја насочи земјата кон нови избори“ пишува Трифонов според кој брзите настани во последните два дена покажуваат дека политиката е валкана игра, но валканата игра постои само затоа што ја играат валкани луѓе.







