Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески остро реагира по веста дека Данела Арсовска е избрана за член на Управен одбор на Глобалниот парламент на градоначалници. Тој прашува како ќе ја врши таа функција кога со месеци не е појавена на УО на ЗЕЛС
„Некаков си Глобален парламент за градоначалници, во кој Данела Арсовска била избрана за член на Управен одбор, треба да објасни што очекува од жената која осум месеци не се појавила на седница на Управен одбор на ЗЕЛС, чиј претседател беше се до нејзината смена“ напиша Славески на Твитер.






