Метеорологот, Славчо Попоски, предупредува дека во наредните денови се очекувааат временски непогоди и обилни дождови допрва доаѓа под влијание на циклон од Средоземјето.
Од утре до недела низ целата територија на Македонија ќе има врнежи, грмежи и повремено засилен ветер.
Локално ќе има појава на невреме, проследено со многу обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град, пренесе Фактор..
Локално до недела ќе наврне големо количество на воден талог (над 60/70 л/м2 воден талог).
Исто така поради очекуваните обилни врнежи, можно е излевање на некои реки, особено оние помалите.
Температурите во следните денови повторно ќе бележат тенденција на опаѓање, и ќе бидат потпросечни за овој период од годината и локално ќе се спуштат дури и под 20 степени преку ден, а во најтоплите предели тие ќе се искачат до околу 24, 25 степени.







