Владините мерки за време на корона кризата кои беа преземени во секторот туризам не ги даде очекуваните резултати, покажува анализата на Државниот завод за ревизија. Било констатирано дека постои низок степен на реализација на мерките и тоа:
Државен завод за статистика:
Ваучери за домашен туризам од планираните 704.106.000 денари реализирани се 55 проценти
Грант за туристички водичи од планирани 9.800.000 денари реализирани се 52 проценти
Грант за туристички агенции од планирани 116.850.000 денари реализирани се 68 проценти
Поврат на туристичка такса за 2019 година од 120.000.000 денари реализирани се 48 проценти
За хотели надвор од туристички центри биле планирани 64.600.000денари а воопшто не е реализиран
За финансиска поддршка на туристички агенции биле планирани 86.100.000 денари реализирани се 61 процент.
Ревизорите констатирале и дека не се следи реализацијата на планираните активности и дека е незадоволителен степенот на имплементација на активностите од Акцискиот план. Воедно било утврдено и дека Владата нема контрола на исполнување на услови за доделување средства.
„Во однос на контролата над исполнувањето на условите за доделената финансиска поддршка на туристичките агенции од шестиот пакет на мерки, ревизорите констатираат дека не е утврден начинот на кој ќе се врши контролирање за исполнување на условите, не е определена надлежна институција која ќе го врши тоа ниту пак мерки кои ќе се преземат во случај на неисполнување на критериумите и неизвршен поврат на средства“, велат од Државниот завод за ревизија.
Во спроведената ревизија се констатира и дека Владата преку донесените антикризни мерки за поддршка на туристичкиот сектор кои се фокусирани на граѓаните, нивните работни места, социјалната сигурност имале само делумно влијание за ефикасно справување со последиците од корона кризата.







