На Претседателските избори 2019 година, своето право на глас во странство ќе можат да го остварат вкупно 1.782 граѓани во 32 Дипломатско – конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии.
Гласање ќе има во: Абу Даби, Белград, Берлин, Берн, Бон, Брисел, Будимпешта, Букурешт, Вашингтон, Венеција, Виена, Детроит, Загреб, Истанбул, Камбера, Копенхаген, Лондон, Љубљана, Мелбурн, Минхен, Њујорк, Осло, Отава, Париз, Прага, Приштина, Рим, Сараево, Стокхолм, Торонто, Хаг и Чикаго.
Според ДИК, во 15 Дипломатско – конзуларни претставништва се прифатени помалку од 10 граѓани и тоа: Анкара, Астана, Атина, Варшава, Доха, Каиро, Киев, Мадрид, Москва, Њу Делхи, Пекинг, Подгорица, Солун, Софија и Тирана.





