Скршена спомен-плоча за загинати Албанци во 1944 во меморијалниот комплекс во Сопот, Кумановско

„Во кумановското село Сопот во последните неколку ноќи е скршена е спомен-плочата во меморијалниот комплекс изграден во чест во чест на загинатите албански маченици за време на масакрот, кој е извршен на 4 ноември 1944 година врз незаштитеното население од ова село.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА

ИНА пишува: „Претседателот на Организациониот совет на овој меморијален комплекс Шукри Масурица нагласи дека ова претставува вандалски чин врз спомен-објект. ‘Во петокот ја најдовме скршена спомен-плочата. Најостро го осудуваме овој чин.’ – рече Масурица. Тој вели дека одговорните органи треба да го истражат случајот.“

„Меморијалниот комплекс е изграден пред неколку години на местото кај што се наоѓаат гробовите на 64-те албански маченици убиени во ова село на 4 ноември 1944 година. Тој масакр го извршија српските партизани-комунисти: убија 64 жители на селото, од 7-годишно дете до 84-годишен старец.“

„По 2008 година беше пронајдена масовната гробница на убиените, кои беа масакрирани во соседното село Сушево и веднаш беа повторно погребани во меморијалниот комплекс, каде што беше поставена и лапидариум-споменик.“