Скринингот на учениците доцни, ќе се спроведува дури следната недела

kid raising his hand in classroom

„Се знае колкава бројка ученици ќе бидат опфатени, во кој од класовите во кои училишта согласно бројката на училишта во општините. Верувам дека тоа ќе биде брзо со оглед дека ќе се прави преку електронскиот дневник и родителите имаат можност веднаш да одговорат. Апелирам да го прифатат скринингот, не е тоа ништо страшно, обичен брис се зема кај децата исто како брисовите и за детектирање на други причинители на горнореспираторни инфекции. Сега епидемиолошката ситуација е прилично мирна, немаме заболени деца, немаме хоспитализирани – 10-15 во болницата во Козле, и во ниту една друга институција нема податоци за трансмисија на вирусот во училиштата. Но, важно е да знаеме дали евентуално би откриле асимптоматски носители кај децата“ – вели министерот Филипче.



Иако бројот на ученици во Македонија е околу 240 000, здравствените власти одлучија прво да тестираат само многу мал дел односно 8200 ученици. Дали ќе го следиме примерот од други земји, каде сите ученици се тестираат барем еднаш неделно, ќе покажат анализите по завршувањето на скринингот. Филипче вели, здравствениот систем има капацитет за тоа, но за следните чекори ќе се одлучува подоцна.