Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ноќва објави видео од подготвките за утрешниот протест на опозицијата на кој се очекуваат десетици илјади луѓе од цела Македонија.

Вечерва според видеото што го објавува Мицкоски на скопското Кале со специјални светлосни ефекти е испишано мотото на утрешниот протест.
,,Дел од подготовките за големиот масовен собир.
Осветлено Скопското Кале. Скопје пулсира.
Протест за промени!
Затоа што навистина премногу е.
Се гледаме Македонијо…
Пред Влада, 20 часот!”, порачува Мицкоски објавувајќи го видеото кое може да се отвори на овој линк





