„Скопско ехо“: Во 2020 година пратениците добиле 227.000 евра за патни трошоци

„Потребно е преиспитување и усогласување на Одлуката и Законот на пратениците во поглед на исплатата на надоместокот за трошоците за патарини, укажуваат државните ревизори во извештајот за извршената контрола во македонското Собрание.“ – објави весникот „Скопско ехо“ во својата статија со наслов „Ревизорите бараат да се преиспитаат патните трошоци на пратениците“.

„Скопско ехо“ пишува: „Во извештајот за извршената контрола за работењето на македонскиот парламент во 2020 година се наведува дека Комисијата на прашања на изборите и именувањата донела одлука, со која на пратениците за секој изминат километар со сопствено возило им следува 20 проценти од продажната цена на еден литар гориво.“

-Со увид во доставената документација и сметководствена евиденција констатиравме дека во текот на 2020 година на пратениците им се исплатени надоместоци за користење на автомобили во приватна сопственост за службени цели во вкупен износ од 12, 9 милиони денари, како и надомести за трошоците за исплатени патарини во вкупен износ од 1, 1 милиони денари, велат ревизорите.“

„Во 2016 година за гориво биле исплатени 41, 2 милиони денари, а за патарини 3, 5 милиони денари. Во 2018 година трошоците се намалени на 32,1 милиони денари за гориво и околу 2 милиона денари за патарини. Намалувањето на расходите за гориво за пратениците во 2020 година се должи и на намалениот број на седници поради пандемијата, наведуваат државните ревизори.“