„Во Велика Британија министерот за правда поднесе оставка, откако претседателот на Владата и министерот за финансии беа казнети, поради прекршување на антиковид-правилата во земјата. Среќа е што во Македонија нема политички скандали, во кои се вклучени владини функционери, па не мора министрите да даваат оставки. Нема ниту министри, кои самите се вклучени во скандали.“ – иронично вели весникот „Скопско Ехо“ во својата редакциска статија со наслов „Британски министер поднесе оставка поради скандал – среќа е што во Македонија нема скандали“.
„Скопско ехо“ пишува: „Поднесување оставка поради политички несогласувања, скандали или принципиелност – тоа е потег, кој се очекува од јавноста во секоја демократска држава. Таква оставка поднел министерот за правда на Велика Британија лордот Дејвид Волфсон, откако британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети заради прекршување на антиковид-правилата во земјата.“
„Во писмото испратено до премиерот, кое го објави и преку својот твитер-налог, Волфсон истакнува дека постапките на Џонсон не се ‘во согласност со владеењето на правото’. Тој истакнува дека би било погрешно ‘таквото однесување да мине неказнето, особено кога многумина други во општеството ги почитуваа правилата и платија висока цена, додека други биле казнувани или кривично гонети за слични, понекогаш наизглед тривијални прекршоци’.“
„Среќа е што во Македонија нема политички скандали, во кои се вклучени владини функционери, па не мора министрите да даваат оставки. Нема ниту министри, кои самите се вклучени во скандали.“
„Среќа! Инаку ќе фрчеа оставки и потоа со денови ќе се бараат нови министри, па ќе имаа наново преговори во владеачката коалиција – кој кое министерство да го земе, па во Собранието битка дали имаат мнозинство, па…“
Home Македонија „Скопско ехо“: „Наспроти Англија, ние немаме скандали на министри и други владини...





