„Скопско ехо“: „Колку тапкања по македонското рамо и ‘силни поддршки’ ќе треба, за да се отворат ЕУ-преговорите?“

„Македонија скоро секоја недела добива по една ‘силна’ поддршка за влез во ЕУ. Најнова таква поддршка доби од групата на седум индустриски најразвиени земји во западниот дел од светот (Г7). На средба во Германија беше изразено ‘силна поддршка’ за брзо отворање на преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ. Ќе има ли полза од оваа ‘силна поддршка’?“ – вели весникот „Скопско ехо“ во својата статија со наслов „И земјите од Г7 ја потапкаа Македонија по рамо.“

„Скопско ехо“ пишува: „Шефовите на дипломатиите на членките на групата Г7 – Велика Британија, Германија, Италија, Канада, Јапонија, Франција и САД – и високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност на ЕУод средбата одржана викендов во германското место Вајзенхаус порачаа дека силно го поддржуваат брзото отворање на пристапните преговори Македонија и Албанија со ЕУ. Тие ја потврдија посветеноста на европската перспектива на шесте земји од Западниот Балкан, која обезбедува безбедност, стабилност и просперитет на регионот.“

„Ќе има ли полза од оваа ‘силна поддршка’? Дали Бугарија ќе слушне за неа? Дали Брисел ќе ја преразгледа таа поддршка, особено што неколку држави од групата Г7 се и најважни членки на ЕУ? Или сето ова е само уште едно тапкање по македонското рамо?“