Ако македонската власт,пред се Пендаровски и Ковачевски, го прифатат предлогот, срамот во Брисел и другите европски престолнини ќе го снема, ќе се префрли врз Македонија. Но, срамот нема да се префрли врз македонските ‘лидери’ – тие не се срамат од ништо. Срамот и останатите последици се резервирани за македонските граѓани, па дури и за идните поколенија.“ – вели весникот „Скопско ехо“ во својот редакциски коментар со наслов „Ќе го пере ли Пендаровски срамот на ЕУ?“
„Скопско ехо“ пишува: „ЕУ со години ни ветува ‘датум’. Пред секое силно ветување имаше по неколку силни и болни барања, кои Македонија требаше да ги исполни. Нашите власти исполнуваа. Следствено ЕУ не ни даваше датум, туку додаваше нови барања. Така дојде до промена и на името на државата, иако народот на референдум тоа не го прифати. Потоа пак не дојде датумот од Брисел, на кој ќе ни дадат датум, за да ни даваат датуми за отварање некакви си кластери.“
„За поголемиот дел од Македонците ваквото водење на политиката од страна на владеачките структури е голем срам. ‘Ја понижуваат Македонија, клечат пред странци, а немаат намера ниту да престанат во тоа само за да се допаднат на Брисел. Нели им е барем малку срам?’ – ова се, на кратко, многуте реакции на граѓаните, осврнувајќи се на дејствувањето на премиерите Ковачевски и Заев сосе нивните министри.“
„Но, шефот на државата Стево Пендаровски вчера посочи дека, всушност, на европските претставници им е срам, затоа што Македонија го сменила името на државата, а Европската Унија не испорачала. ‘Ним им е срам што државата, која го промени своето име, единствена во светот, се уште не може да почне, не пак да заврши преговори. Срам им е, не што ние чекаме 17 години, туку што чекаме со бесмислени образложенија.’ – вели Пендаровски.“
„Добива ли Македонија нешто од тоа што на евробирократите им е срам? Добива. Еве последно е – француски предлог, кој ни дава датум, ама и датуми на Бугарија, на кои може да ни наредува што ќе посака.“
„Што ќе направат Ковачевски и Пендаровски? Чиј срам им е поважно да го снема?“
Home Македонија „Скопско ехо“: Ако Пендаровски и Ковачевски го прифатат предлогот, последиците ќе ги...





