Градоначалниците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ се договорија утре да излезат со заеднички предлог до Советот на Град Скопје да се изгласа укинување на ЈП „Комунална хигиена“ поради тоа што со денови ова јавно претпријатие не го крева сметот бидејќи вработените штрајкуваат за повисоки плати и за враќање на работа на отпуштените колеги.

Градоначалниците на скопските општини ќе предложат секоја општина да си отвори свое комунално претпријатие, а даноците од граѓаните да се слеваат на општинските сметки, објави Телма.

Општина Центар најави дека од утре, самостојно, започнува со собирање на сметот на нејзината територија за што обезбедила 5 камиони и друга механизација.
Градоначалничката Данела Арсовска молчи за состојбите во Јавното претпријатие со кое директорува Косана Мазнева – Николиќ, која ја постави минатата година во јули откако претходно во нејзиниот мандат смени двајца претходници на Мазнева.
Директорката Косана Мазнева-Николиќ им се закани со откази на вработените кои штрајкуваат дека ако од утре не продолжат да си ја вршат својата работа.





