Во текот на изминатите денови(26, 27, 28 и 29 април) издадени се 61 мандатен платен налог и три возила се подигнати со специјално возило “пајак во Скопје.



Во истиот период констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Исклучени од сообраќај се 18 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шест возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување.