Скопски ресторан не прима жени со хиџаб!

Минатиот месец во познат ресторан во центарот на Скопје не ѝ бил дозволен влез на жена која била облечена во традиционална муслиманска облека.



Странката, заедно со две пријателки ои не носеле хиџаб, се обидела да влезе во ресторанот Portofino Osteria and Bar, но не ѝ било дозволено со објаснување дека без резервација не може да биде услужена.

Откако го напуштиле ресторанот, една од пријателките се вратила и без никаков проблем добила маса без претходна резервација. На прашањето зошто не ѝ бил дозволен пристап во ресторанот на нејзината пријателка која носела хиџаб и дали ресторанот им забранува пристап на жени и девојки кои носат хиџаб, не добила одговор.

Хелсиншкиот комитет за човекови права за овој случај поднесе претставка до Комисијата за заштита од дискриминација, а постапката сѐ уште е во тек.