Еден од индиректно прозваните од страна на извештајот на американскиот Стејт Департмент за одолговлекување на судско обвинители предмети е скопскиот обвинител С.Р. кој според повеќе извори цели 14 месеци и 9 дена ја “крие во фиока и ја одолговлекува истрагата” против Јовче Ременски за кривично дело “злоупотреба на службена тајна”?
Обвинителството уште пред околу 430 денови од АНБ ги добило сите неопходни информации за случајот на сопругот на екс пратеничката Фросина Ременски кој врши висока функција во Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Обвинителството и посочениот обвинител досега не се изјасниле дали има или нема основа за кривичен прогон на Ременски.
Доколку се утврди дека обвинителот намерно одоговлекувал со предметот тој се соочува со санкции на работното место но и со кривичен прогон.
При претрес на семејниот дом на Ременски беа пронајдени класифицирани документи кои не смееле да се носат дома или да бидат надвор од институциите.






