По серијата минатонеделни инциденти кога британски војници учествува во насилство и истепаа македонски граѓани за време воена вежба на НАТО, скопски адвокат прашува дали ако тие се обидат да повредат или убијат, граѓаните можат да ги убијат или да употребат насилство во самоодбрана.
,,Бидејки сме потпишале договор дека војници на НАТО во земјава може буквално да ве убијат и за тоа да не одговараат, што е чарето? Самоодбрана?!”, прашува скопскиот адвокат Јанаки Митровски.
Според протоколите кои Макеоднија ги потпишала со НАТО земјава не може да ги суди насилниците меѓу војниците на алијансата.
Прашањето на Митровски навестува дека во некој следен инцидент при недолично однесување на војници на НАТО кон македонски граѓани може да се случи потежок инцидент во кој во самоодбрана некој може да биде убиен или потешко повреден.
Во Македонија не секогаш значи дека тој што ќе повреди или убие во самоодбрана ќе биде ослободен.
Британски војници беа дојдени во земјава за последната воена вежба на НАТО на полигонот Криволак, и иако предизвикаа серија инциденти нема да одговараат во Македонија, бидејќи така налага договор потпишан во рамките на стапувањето на земјава во НАТО.
Неколкумина британски војници кои беа предизвикувачи на неколку инциденти, по што завршија во полициска станица нема да се соочат со постапки и евентуално санкционирање затоа што тоа е во надлежност на државите и институциите на земјите од каде што доаѓаат војниците.
„Сите војници кои доаѓаат од сојузничките земји на обуки и вежби во Северна Македонија потпаѓаат под НАТО СОФА – договорот (Договор за статус на сили), кој важи за сите земји – членки на Алијансата. Домашните институции кои имаат обврска да го одржуваат јавниот ред и мир и во случај на негово нарушување можат да интервенираат и да спречат ескалација, но нивната надлежност е ограничена. Поведувањето постапка и евентуалното санкционирање е во надлежност на државите и институциите на земјите од каде што доаѓаат војниците”, информираше министерството за одбрана.
Ниту во едниот, ниту во другиот случај, според одговорот од МО, за нив МВР не може да поднесе пријава затоа што нивната надлежност е ограничена, иако во изминатиот период имаше грабеж на автомобил, кршење ресторан и напад на службено лице.
Британскиот контигент е дел од мултинационалната вежбата „Брз одговор 22″ во која се реализираат воздушни десанти во овој обем. Во воената вежба на „Криволак” учествуваат 4.600 припадници од вооружените сили на осум земји членки на НАТО.






