За скопскиот адвокат и лидер на вонпарламентарната партија ТМОРО Ванчо Шехтански инцидентот со навивачите на Левски кои биле нападнати во скопската населба Чаир каде живее доминантно албанско население е местенка на власта.
Тој анализира зошто без причина припадниците на МВР кои ги придружувале бугарските навивачи минувале низ место каде домаќините имаат свои многубројни приврзаници.
,,Колоната навивачи на Левски, според пропозициите била предводена од возила на мвр , но нејасно е зошто се водени гостинските навивачи непотребно во Чаир иако патот до стадионот ни случајно не е натаму. Очигледна била намерата за местенка со предизвикување тежок инцидент”, заклучува Шехтански.
Логиката на Шехтански има основа ако се знае дека бугарските навивачи во Скопје влегле преку Автокоманда и немало никаква логика да возат преку Чаир за да дојдат до Арената Филип втори Македонски во градскиот парк.
Досега МВР не објави дека полициски службеници ги придружувале бугарските навивачи.






