Од Ходенхаген, Германија пристигна лавицата Бела, млада женка која припаѓа на видот бели лавови.
За десетина дена, во Скопје ќе пристигне и белиот лав Чака од Амневил, Франција со кој заедно ќе живеат во пространо живеалиште адаптирано за нивните потреби.
Белите лавови се еден од најзагрозените видови во светот, а во природата се речиси во истребување, поради масовниот лов, но и нивната отежната репродуктивност.




