Скопската урбана легенда Јохан Елзесе пишува дека е избркан од својата партија ,,Твоја” по неговиот нападот кон САД, Франција, Германија и други западни сили за бугарските уцени врз Македонија и други негови јавни пораки.
,,Штотуку ми се јавија од мојата ТВОЈА ПАРТИЈА да ми соопштат дека (пошто многу сум “какал” на ФБ) ми го замрзнале членството, па еве сега пуштив парно…”, објави ,,германскиот Македонец” или ,, македонскиот Германец”.
По објавата на неговиот статус кој го пренесе expres.mk Елзесер дообјаснува дека со статусот се шегувал и дека правел алузија на случајот Рамиз Мерко кој по ставањето на црната листа на САД е изолиран од ДУИ.
Елзесер кој е стопанственик и кој е Македонец со германско етничко потекло во пошироката јавност е познат по своите јавни статуси на социјалната мрежа Фејсбук каде коментира актуелни случувања.
Пред дваесетина дена неговата критика за членките на НАТО и ЕУ кои ја притискаат и уценуваат Македонија да ги прифати бугарските уцени стана вирална.






