Скопското крило на БЕСА ќе стане дел од Владата, потврдиле од партијата за „Независен весник“. Портпаролот Орхан Муртезани соопшти дека денеска имало средба меѓу Африм Гаши и премиерот Зоран Заев, при што се договорени најголем дел од работите.
„Околу ресорите ќе се проговара наредниот период, бидејќи тоа не е приоритетно. Во моментов, Македонија е во една фаза каде треба да се завршат процесите за членство во ЕУ и во НАТО, односно да се реши спорот за името со Грција, по што корист ќе имаат сите граѓани“, информира Муртезани.
Скопското крило во Собранието има тројца пратеници, додека два има тетовското крило на Билал Касами.





