Според добро упатени извори, ТВ21 неофицијално дознава дека во вторник од притвор излегува Сашо Мијалков.
“Според наши извори, ќе му биде определена поблага мерка, мерка куќен притвор”, се вели во веста на ТВ21 кои цитираат адвокати на Мијалков кои тврдат дека со барањето за ослободување е поднесена гаранција во недвижности со вредност од над 7 милиони евра и дека кауцијата ќе биде запленета од државата доколку Мијалков избега.
Мијалков е во истражниот затвор Скопје од 23 февруари кога по неколкудневно мистериозно исчезнување се појави пред обвинителството да го подигне решението за притвор. Претходно по информации на обвинителката Вилма Русковска за можно бегство на Мијалков, судот му определи домашен притвор, но полицијата не успеа да го најде на домашна адреса.
Додека е во притвор за Мијалков беа донесени две првостепени пресуди, 12-годишна затворска казна за случајот со нелегалното прислушување „Тврдина-Таргет“ и 8 години затвор за случајот Трезор и нелегална набавка на софтвер за следење електронски комуникации.
Во меѓувреме Мијалков чека пресуда и за случајот Тортура.
Најчитано
Инцидент во присуство на премиерот Заев и директорот на АМС Наумче Мојсоски
Сонцето од Кутлеш отстрането насила на меч во Струмица (ФОТО + ВИДЕО)





