Скопска општина во кризата троши 456 илјади евра за 90 до 130 времени вработувања (ДОКУМЕНТ)

Фантастични 456 илјади евра ќе потроши општина Бутел за привремени вработувања откако почна корона кризата.



Според официјалната информација од сајтот Јавни набавки општината ќе вработува луѓе со договор за дело кои треба да им помагаат привремено на постојано вработените.

Во договорот не пишува колку луѓе за колку пари ќе работат но ако се тргне од логиката дека во кризната ситуација нововработените треба да земаат минималец од 14,500 денари (или околу 16, 000 бруто со платен персонален данок) и ако тие работат 12 месеци колку што трае договорот тогаш бројот на нововработени е околу 130.

Во случај новите работници да земаат просечна плата од околу 24000 денари бруто тогаш повторно се работи за околу 90 вработувања што е премногу за една мала општина како Бутел.

Договорот во име на општината го потпишал градоначалникот Велимир Смилевски.

Линк до договорот

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/199813b0-e4fb-42f2-9e4f-c4094a9b32f3