Скопје во 13 часот десетти најзагаден град во светот

Скопје во 13 часот е на десетото место во светот според загадениот воздух. На листата на Air visual, на неславната табела пред Скопје нема ниту еден друг град од Европа.



Утрово, кога градот беше потонат во магла, Скопје беше на второто место на истата листа, а позагаден беше само повеќемилионскиот главен град на Бангладеш, Дака.

Во 13 часот, како што се гледа од табелата, Скопје е на десето место, пред главниот град на Македонија се градови од Азија, а прв европски град кој доаѓа на истата листа е Софија, на 17-то место.