Според информации од МВР, во 2018 година биле пријавени 404 случаи, во 2019 биле пријавени 618 случаи, во 2020 и во 2021 година биле пријавени 647, односно 657 случаи. Ланската статистика исто така беше премногу висока и изнесуваше 521 случаи заклучно со октомври 2022 година, а ништо подобра не е и 2023 година, пишува порталот Денар.мк



Советот на Град Скопје, во април минатата година, едногласно усвои одлука со која пријавите за каснување од куче-скитник ќе се решаваат спогодбено наместо да се влечат по судови, со проценка дека за 50 проценти ќе се намалат трошоците на Градот за судски такси и адвокатски награди, односно целосно ќе се елиминираат трошоците на ЈП Лајка.

Град Скопје и ЈП Лајка одговараат солидарно за каснување од бездомни кучиња, а само за парични трошоци се исплаќаат 70.000 денари по случај.

Градот Скопје во 2020 година исплатил околу 250.000 евра за 480 тужби, а во 2021 година исплатил над 400.000 евра за 589 тужби.

ЈП Лајка исплатило исто толку.