Скопје со 7 милиони денари хуманитарна помош за Украина

Градот Скопје со 7 милиони денари хуманитарна помош за Украина. Донесов одлука до Советот да предложам градот да помогне со хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари, информира градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.



Оваа одлука за хуманитарна помош е израз на солидарност за граѓаните на Украина зафатени со воениот конфликт. Живееме во турбулентни времиња соочени со големи предизвици. Никој не сака конфликти и страдања, да се обидеме да помогнеме колку што можеме, вели таа.

Арсовска потенцира дека Скопје е град на солидарноста и ние скопјани најдобро знаеме колку значи да пристигне хуманитарна помош кога е најпотребна, особено за лицата кои кои останаа без своите домови.

https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/posts/503064004778869