Преполни контејнери, ѓубре распослано околу нив, па дури и во тревните површини. Скопје сè уште наликува на депонија. Иако од „Комуналец“ рекоа дека ќе го исчистат градот, на терен никаде ги нема. Она што го има е купишта смет кои и натаму ја нагрдуваат сликата во главниот град. Граѓаните регираат дека градските власти само бистрат политика, а никако да се фатат за работа. Вработените во Комунална до сега требаше да го собираат сметот поради топлото време, се жалат граѓаните, кои веќе нема каде го фрлат сметот поради преполните контејнери.

И додека Скопје се „гуши“ во сметот од преполните контејнери, надлежните велат дека се работи на терен. Луѓето не можеле да постигнат да завршат се, но уверуваат дека проблемот ќе биде надминат. Се пожалија дека дел од работниците од трета смена биле избркани од работа. Меѓу нив се и вработени кои учествуваа во блокадите пред „Комуналец“.

И додека ѓубрето кое се таложеше деновиве скапува пред контејнирете, улични мачки и кучиња го ратргнале насекаде, што претставува извор на зараза. Во меѓу време, граѓаните на социјалните мрежи објавуваат и ведеа од стаорци кои шетаат по скопските улици. Сликата, пишуваат е ужасна, зашто комуналниот колапс до сега 100 пати требаше да се реши.





