Градот Скопје нема пари за плати на вработените, ниту за субвенции за јавните претрпријатија и се соочува со банкрот откако поранешниоит „Скопски саем“ ја блокираше градската каса, а има и цел список на други фирми кои си го бараат долгот.
Блокирана сметката на Град Скопје – Данела на средба со одбрани новинари во скап ресторан
Советниците утре ќе побараат итна седница јавува Макфакс.
Од СДСМ ги обвинувааат ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска:
„Околу 100 милиони евра годишно изнесува Буџетот на Градот а дополнително при преземањето на власта Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наследија плус од 13 милиони евра.Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да одговорат каде завршиле овие пари на граѓаните.“ изјави на прес конференција советникот од СДСМ, Гордан Шутаров.
„Ова е срамно и недозволиво. Арсовска ВМРО-ДПМНЕ и нивниот поддржувач Левица мора да одговорат каде завршија парите на граѓаните. Тоа да го сторат на следната вонредна седница на Советот за чие оддржување веќе утре ќе поднесеме барање до претседателот на Советот“, вели тој.







