Интернет страницата Ервижуал го пласира Скопје на третото место во светот, како град во кој се дише најзагаден воздух во светот. Со индекс од 231 единица Сараево е градот со најзагаден воздух. Еден час порано таа загаденост изесуваше 211, колку што во исто време индексот на загаденост беше измерен во Битола – 211. Искачувањето на Скопје на листата на Ервижувал на 100 големи или главни градови, започна уште прексиноќа и постојано е меѓу десетте градови според лошиот квалитет на воздухот, дефиниран како нездрав. Во Битола и Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина воздухот е дефиниран како многу нездрав. Waqi.info, како што се гледа од илустрацијата, воздухот и во Струмица го дефинира како многу нездрав. Нездрав е воздухот и во Тетово, Кичево и Кавадарци.

Според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време, Скопје утринава повторно се најде на врвот на листата на најзагадените градови во светот, и се најде на петтото место. Со индекс на квалитетот на воздух од 166, аерозагадувањето во Скопје во моментов е во категоријата „штетно за здравјето“. На врвот на листата утринава се најде главниот град на БиХ, Сараево со индекс на квалитет на воздухот од 215.
Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека во Скопје е надминат прагот дозволени ПМ10 честички во воздухот и дека стапија во сила препораките од Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање. Министерството не соопштува и не ги мери ПМ2,5 честичките чија концентрација е поголема во споредба со ПМ10 честичките. Истите мерки деновиве беа укинати за Кичево откако три дена во сила беа мерките поради висока концентрација на ПМ10 честичките.





