Невремето во Скопје го стопираше сообраќајот. Слики и видеа од поплавените улици осамнаа на Фејсбук. Поплавен е новоизградениот ексклузивен трговски центар Ист Гејт Мол. Поплавен е и подвозникот кај Стоковна куќа мост. Во Автокоманда возилата до пола пливаа во реката, покажува друго видео. Претходно, поранешниот градоначалник Шилегов објави дека поплавена е улицата Кочо Рацин кај Црвениот Крст.








