Најзагаден воздух во земјава, утрово се дише во Кичево со индекс на квалитетот на воздухот од 183, потоа во Гостивар со индекс 180, колку што е измерено во скопската населба Ѓорче Петров, Тетово – 173, Битола со 172 и Струмица со индекс 151 со што овие неколку градови во Македонија би можеле да им „конкурираат“ на големите азиски мегалополиси и индустриски центри.



Малку пред 8 часот утрово градот беше на 23-тото место на листата градови со најзагаден воздух, што не значи дека е подобрен квалитетот на воздухот, бидејќи со индекс на загаденост 136 вредностите на штетните честички и гасови во воздухот е високо и носи ризик за здравјето.