Наместо модерно Скопје, главниот град не може глава да крене од кавги и меѓусебни кавги меѓу надлежните. Последно во низата е кавгата меѓу директорот на скопски Водовод и Управниот одбор, кој со присила и уцени барал раководителите да го поддржат со потписи на список. Оние кои ќе кажат не, веднаш летаат од работа. Такви се дури 54 вработени во скопски Водовод кои преку ноќ се избркани од работа со одлука на Управниот одбор. Станува збор за стручни лица, односно за механичари, водоинсталатари, инженери, возачи.
Од синдикатот на „СУТКОЗ“ алармираат дека фали кадар, и да не им се прави тоа на работниците кои се преоптоварени со обврски, ама сето тоа било попусто.

Од Управниот одбор на Водовод, претходно потврдија дека таму се случува хаос.
Очигледно е дека единствен критериум за некој да стане директор на „Водовод“, е што повеќе да направи штета на претрпријатието, со што повеќе вработени да се искара и да биде понизен и послушен. Впрочем така и доби Драган Илевски менаџерски договор, според овие истите критериуми, пишуваат меѓу другото оттаму.
Ова нее единствен слчај со хаос во работењето на јавните претпријатија. Последно во низата беше разрешувањето на екс директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева – Николиќ, која како што рече градоначалничката на Скопје, била сменета поради лошо работење. Но и таму состојбата не чини, велат од СТУКОЗ во изјава за Алфа.

И додека свесно се предизвика хаос во Скопје, сиот товар паѓа врз грбот на граѓаните кои ни криви ни должни приморани се да ги сносат последиците.
Иако градоначалничката Данела Арсовска најави Програма со која ветуваше трансформација на градот и бројни капитални проекти кои до сега требаше да го променат ликот на Скопје, сето тоа остана само на хартија, ама затоа има само смени на директори кои наместо да работат, тие си ја префрлаат топката и се надмудруваат.





