Скопје на врвот меѓу најзагадените на светот!

Со индекс на загадување од 430 Скопје изминатата ноќ бил најзагаден град во светот.



Според сајтот „Air visual“ нешто по полноќ Скопје беше на врвот на најзагадените пред Њу Делхи и Лахори во Индија и Дака во Бангладеш, но и пред Приштина.

Веќе во утринските часови оваа „престижна“ позиција Скопје ја предаде на Битола.