Скопје ќе се збратимува со Велинград!?

Делегација на владата на Република Македонија за време на викендов го посети Велинград, пренесувва бугарското Радио „Фокус“-Пазарџик.



Според претставник на општината Велинград, македонската делегација била предводена од генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, а во нејзиниот состав биле секретарите на 13, од вкупно 17 министерства.

Делегацијата имала средба со градоначалникот на општина Велинград на која , покрај темите поврзани со соработка во туризмот, се зборувало и за идното збратимување „меѓу Велинград и главниот град на Македонија – Скопје“, пренесува радиото.