На просторот од касарната „Илинден“ во Скопје ќе никне нова населба, дознава порталот СакамДаКажам.



Општина Карпош го донесе новиот Детален урбанистички план (ДУП) „Касарна „Илинден“, кој предвидува на површина од 34,831 хектари да се изградат станбени згради, трговски центри, деловни објекти, хотели, објекти за јавни установи.

Овој простор сега е празен, а со новиот план се предвидува негово комплетно уредување.