Министерката за одбрана и вицепремиерка Радмила Шеќеринска денеска како политички и билатерален тест ги прикажа заканите од Софија за блокадата на преговорите на Макеоднија со ЕУ.
Според неа допрва преку поддршката за преговорите за членство ЕУ треба да се види дали Бугарија навистина сака добрососедски односи иако пред 3 години двете држави потпишаа договор за добрососедство.
Во своите изјави за последните искри на релација Скопје – Софија Шеќеринска денеска користеше невообичаено провокативен речник во кој се спомнува дека Софија сега реагира емотивно кон земјава иако бугарската влада со години на сите нивоа координирано и организирано се заканува за блокада на Макеоднија во ЕУ.
Вториот невообичаен момент од изјавите на Шеќеринска е нејзиното имплицитно тврдење дека бугарскиот однос кон Македонија не се должи на реална политика и позиции туку на внатрешните проблеми на бугарската влада, за што Шеќеринска се надева дека нема да се случи но сепак го потенцираше како проблем.
“Ако нешто научивме во овие 30 турбулентни балкански години, е дека емоциите не се добар сојузник во решавањето на билатералните прашања. Ние покажавме дека можеме да бидеме пријатели со сите наши соседи”, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска како одговор на изјавата на нејзиниот бугарски колега. Красимир Каракачанов, кој порача дека не е време за меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија.
„Пред да влезам на прес-конференцијата, кратко ја видов неговата изјава и сметам дека ваквите изјави не се во духот на Договорот за добрососедство и не помагаат“, вели Шекеринска која очекува помош од сојузниците на државава, вклучително и од пријателска Бугарија.
„Покажавме и дека сме подготвени да инвестираме во таков сојузнички однос и ќе продолжиме да градиме и понатаму таква политика. Очекуваме нашите сојузници и нашите пријатели да му помогнат на регионот, а не да му одмагаат. Единствен начин да му помогнеме на овој регион е да му дадеме шанса да има подобра и европска иднина“, рече Шекеринска.
Сега, вели Шекеринска, “е моментот кога се гледа колку навистина сакаме да градиме добрососедски односи. Ние, додаде, нашиот тест го поминавме”.
Сите одговори на Шеќеринска за ова прашање се од 22 минута на видеото
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/351645286022944/




