Скопје инфо: Возачи не веруваат дека мостот „Беласица“ е безбеден

“Фала Град Скопје, штом вие тврдите дека е безбеден – ќе си кружиме преку Автокоманда“, е еден од коментарите на социјалните мрежи откако Град Скопје вчера објави дека нема структурни оштетувањам на Мостот Беласица кој настрада во пожар пред три месеци и ќе биде отворен за сообраќај.



Мостот „Беласица“ прооден само за лесни коли и само по посебна лента

Граѓаните со резерва ја прифатија оваа информации и на социјалните мрежи велат дека Градот Скопје делува како некој на кого не може да му се верувам, објави порталот Скопје Инфо.

„Штом Град Скопје го постира ова, сигурно небезбедно е птица да слета“, вели еден од коментарите на социјалните мрежи, а други и сугерираат на градоначалничката Арсовска, таа нејзините поддржувачи да сообраќаат по мостот.

Проектантот на мостот Вукан Њагуљ во изјава за државната агенција МИА пред неколку месеци тврдеше дека обемот на оштетувања на мостот „Беласица“ во Скопје се големи, треба да се третираат многу сериозно и потребни се детални испитувања и пресметки.