На повеќе локации околу мостот „Гоце Делчев“ и во градскиот парк во Скопје, утрово беа поставени натписи со кои се укажува на недостигот на јавни тоалети.



„За жал, јавните тоалети веќе со децении не се функционални и се без основни санитарни услови за користење“, вели уметникот Озбек Ајваз, кој со оваа акција сака да го потенцира и актуелизира барањето и потребата на граѓаните на Скопје за решавање на овој проблем.

Решавањето на проблемот е надлежност на управата на градот Скопје, но за жал, јавните тоалети веќе со децении не се функционални и се без основни санитарни услови за користење.