Привремениот министер за култура во Бугарија, Велислав Минеков и министерката за култура на Македонија, Ирена Стефоска, имале работна средба во Софија.
Зачувувањето на културното наследство е приоритет за Бугарија и Македонија и двете земји треба да се поддржуваат едни со други во дијалогот со УНЕСКО, изјавија Велислав Минеков и Ирена Стефоска по средбата.
Бугарија и Македонија ќе развијат и потпишат нова тригодишна програма за културна соработка, се вели во информацијата според која министрите Минеков и Стефоска разговарале за можноста за зголемена размена на вработени во Министерството за култура и интеракција меѓу културните институции во двете земји.
Како прв чекор, Бугарскиот национален филхармониски оркестар треба да ја посети Македонија, а Македонската филхармонија ќе ја посети Бугарија есента 2021 година, се вели во веста на бугарските медиуми.






