Интернет страницата waqi.info денеска претпладне, малку пред 10 часот покажува дека во Скопје, иако има магла, циркулира тивок ветер, па состојбата не е толку алармантна како синоќа.



На интернет страницата Ервижуал, која го следи квалитетот на воздухот во големите и главни градови во светот, Скопје малку по 10 часот се наоѓа на 21-то место.

Пред Скопје нема ниту еден град од Европа, барем не на оваа листа што ја составува од час во час Ервижуал, објави МКД.Мк.