Поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста“ денеска од 09 до 14 часот ќе има посебен сообраќаен режим на дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје.
„Го затвораме Рекорд за сообраќај на автомобили и го прогласуваме за СЛОБОДНА ВЕЛО ЗОНА.
Дојдете со вашите велосипеди за да ја одбележиме Европската недела на мобилност 2021.
Ќе возиме вело тура низ центарот на градот.
Обезбедивме бесплатна проверка и сервис за вашите велосипеди.
Ќе има детски реквизити за најмладите.
Ќе има музика, кафе и добро дружење“, стои во објавата на ВЕЛО ФИЕСТА на Фејсбук..
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.







