Со еротски танц под црвено светло, пет сексуални работнички вечерва го донесоа Амстердам во Скопје и од излози над влезот на Универзална сала ја забавуваа насобраната публика која имаше што да види.



Годинашнава кампања е насловена како „Ние“, и предводена од Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-Стар“.

Сексуалните рабoтници се работници и треба да бидат прифатени како такви“, вели Борче Манев–Божинов од „Стар стар“.

Тој нагласи дека ова е уметнички перформанс, култура. Не значи дека девојките на излог нудат сексуални услуги.