Македонија чека абер од Софија и од земјите-членки на ЕУ околу последниот предлог на Франција за отворање на патот за евроинтеграциите на Западен Балкан, пишува Дојче веле.
Според премиерот Димитар Ковачевски вели дека во моментов во земјата нема пристигнато никаков предлог којшто е усогласен од сите земји-членки на Унијата, а меѓу нив и Бугарија. Оној момент кога ќе пристигне таков документ, Ковачевски вели дека ќе биде разгледан и ќе бидат дадени забелешки на него.
„Постои предлог којшто очигледно е испратен во Бугарија и треба да го разгледаат во нивните институции. Ако има таков предлог ќе го разгледаме и ќе ги дадеме своите забелешки“, вели премиерот.
Ковачевски порача дека земјата го цени напорот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во пресрет на Самитот на ЕУ има иницијатива за изнаоѓање на решенија, но е дециден дека ставот на државата е јасен – за македонски јазик и за македонскиот идентитет не се преговара и дека ќе се бараат гаранции дека по ова повеќе нема да има нови барања коишто ќе треба да ги исполни Македонија за влез во ЕУ.

. .





