Денеска во 16 часот стапи во сила забраната за движење на граѓаните за време на викенд во периодот од 16 до 05 часот наредниот ден, а граѓаните ќе можат да се движат само до 16 часот и утре.



Улиците веќе пред 16 часот веќе беа празни.

Фото: Алсат

Од неделата, кога беше воведен полициски час, МВР откри вкупно 502 непочитувања на забраната за движење, од кои, 26 биле под 18 години а 18-мина над 67 години. Приведени се 199 лица, поднесени се 123 кривични пријави и 12 известувања за 158 сторители на 144 кривични дела, информираше министерот за внатрешни Наќе Чулев.