Скопје барем денеска ќе има вода – откажан најавениот зафат за кој директорот не знаел

Скопје денеска ќе има вода, односно ќе нема прекин во водоснабдувањето како што вчера најавија од ЈП „Водовод и канализација“. Доцна синоќа, од претпријатието испратија соопштение дека Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето и дека некој на нивната Фејсбук страница објавил неточна информација.



За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие ‘Водовод и канализација‘ ќе преземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на Скопје“, се вели во соопштението на „Водовод и канализација“.

ЈП „Водовод и канализација“ не пријавило никој за ФБ статусот на нивната официјална страна во кој пишуваше дека денеска од 17 часот цело Скопје ќе нема вода.

Ве известуваме дека во СВР Скопје нема пријава за настанот за кој прашувате“, велат од МВР за Сител.

Вчера од јавното претпријатие пред полноќ пратија соопштение во кое велат:

За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје“.

Зошто никој не е пријавен, засега не се знае. На телефонските повици и пораките директорот Виктор Панчевски не одговара.