Скопје бара датум за преговори со ЕУ, Софија продолжува да уценува

Премиерот Ковачевски од Делфи форумот во Грција порача дека проширувањето на унијата сега е од геостратешка важност во услови кога во Софија има жестоки протисоци врз премиерот Кирил Петков од коалициските партии но и од претседателот Румен Радев да не отстапи од блокада на Македонија додека не биле исполнети барањата од Договорот за добрососедство.



„Проширувањето на Европската Унија и интеграцијата на земјите од Западен Балкан е прашање од геостратешка важност, а истото треба да се реши во најскор можен рок.прво со взаемен договор помеѓу Македонија и Бугарија, по што треба да следи одобрување на преговарачката рамка од страна на ЕУ“, изјави Ковачевски.

Вицепремиерот пак Артан Груби од Тирана испрати порака дека „лозинката“ за интеграцијата на Македонија и Албанија во ЕУ е – Украина.

И лидерот на опозицијата денеска со дирекна порака до Радев и Петков, Христијан Мицкоски кажа дека Брисел треба да направи притисок врз Софија да го повлече ветото за старт на преговорите за членство.

„Сето она кое ќе биде надвор од тоа што е предвидено согласно Резолуцијата која ја усвои македонското Собрание, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува и тоа треба да им биде јасно и на Петков и на Радев“, изјави Христијан Мицсоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.